British Council Macedonia
click to contact us ноември 2009
S@W competition mk
Во соработка со Junior Achievement, го објавуваме натпреварот Вештини за работа 2009/10, наменет за 100 средношколци од средните стручни училишта.
 
Натпреварот ќе се одржи во АСУЦ Боро Петрушевски на 21.11.2009 од 9-18 часот. Претставници од деловната заедница на учениците ќе им дадат задача која тие ќе треба да ја решат во само неколку часа, а потоа своето решение ќе го презентираат пред жири комисија.
презентации и работилници за наставници по англиски во скопје, охрид и велес
Во текот на ноември, организираме презентации и работилници за електронските ресурси за англиски јазик, наменети за наставниците/професорите во Скопје, Охрид и Велес.
 
Прочитајте повеќе и дознајте ги датите и локациите. Меморирајте ја страницава за да следите кога доаѓаме во вашиот град.
презентација ielts tips and hints
ielts
Од сега ќе можете да добиете совети за подготовка и постигнување подобар резултат на испитот IELTS преку 4-часовна презентација IELTS Tips & Hints  во организација на Британскиот совет.
 
На оваа презентација ќе се запознаете со структурата и содржината на испитот, фокусирајќи се на техниките на полагање на испитот за сите четири дела. Прочитајте повеќе информации и контактирајте нé.
признавање на дипломите
Оваа нова страница е наменета да обезбеди најнови информации во врска со универзитетите, институциите и компаниите во Македонија кои ги прифаќаат британските меѓународно признаени дипломи администрирани од страна на Британскиот совет.
 
Aкo сте претставник на некој универзитет или компанија и сакате вашиот универзитет или компанија да биде додадена на нашата листа и на листата на Cambridge ESOL и IELTS Global Recognition System, слободно контактирајте нé.
Example Image
facebook и twitter
Facebook and Twitter
Од сега може да ги следите нашите активности преку Facebook и Twitter. Станете наши пријатели и комуницирајте со нас.
-  нашите испитни услуги на Facebook
The Culture Lobby mk
празник
Заради празникот Курбан Бајрам нема да работиме во петок, 27 ноември 2009 година.
Leaf
е-инфо
Кандидати од Македонија можат да се пријават за следниве стипендии:
-         The Weidenfeld Scholarships and Leadership Programme - краен рок за доставување на пријавата до Универзитетот во Оксфорд е средина на јануари 2010

-          Магистер/Доктор по филозофија - Стипендија на Институт отворено општество и Универзитет Страфордшир, пријавување до 25 јануари 2010.
 
Меѓународна организација на Обединетото Кралство за културни врски и образовни можности.
Регистрирана добротворна организација: 209191 (Англија и Велс), SC037733 (Шкотска).
Ова се нашите декларации за заштита на податоците и за авторски права.
Прочитајте ја нашата програма за слобода на печатење информативни публикации.

Ја добивте оваа порака бидејки сте се регистрирале на нашата интернет страница или во претходна прилика сте покажале интерес за нашите настани. Доколку повеќе не сакате да ги добивате нашите пораки, одјавете сe од листата. 
British Council Macedonia